Оперската дива, сопранот Анџела Георгиу од Романија заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Теодорашку Артаманов , вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Георгиу важи за најгламурозната оперска ѕвезда. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција.
Публиката ќе има можност да ужива во уште еден вистински спектакл.
-„Се е подготвено за вечерашниот спектакл. Пред нас се 40 фестивалски денови исполнети со богата музичка и драмска програма. Интересот за сите настани е голем, подготвени се безвремснеките сцени во древниот Охрид“, вели директорката Наташа Поповиќ.
Организаторите на фестивалот и оваа година најавуваат богата уметничка програма, а најолемата ѕвезда, која ќе блесне на фестивалското небо е светски познатиот актер Џон Малкович, кој ќе настапи на Античкиот театар на 26 јули.
63-тото издание на „Охридско лето“, театарска програма ја отвара со Стивен Фридмен и Офф Бродвеј претставата „Бикот на Фаларис“, извондредна автобиографска монодрама.
Најреномираната музичко сценска манифестација во земјава која традиционално ќе трае 40 денови и годинава ќе биде домаќин на над 1000 врвни уметници од 20 земји од светот.
