Утре ќе се случи уникатниот концерт на Ансамбл Билјана со пловидба по Охридското Езеро и изведба на староградски песни.
Организатори на настанот се културолошка иницијатива 5 до 12ч.
-„Збирно место КАНЕО од 17:30ч, во 18ч тргнување со кајчиња до Старо пристаниште (Островче), каде во 18:30ч ќе се пуштат сидрата и настанот може да биде посетен и од копно.
Може да присуствува секој со сопствен пловен објект, исклучиво со ВЕСЛАЊЕ‼️
Исто така, можете да изнајмите СУП или кајак од SUP Club Ohrid“, информираат организаторите.
