Ученици и професори од Крагуевац Србија во посета на Охрид. Остварија средба со конзулот Филев.

На огромно задоволство,во посета на Охрид, Македонијa и Почесниот конзулат на Р.Србијa во Охрид, беа педесетина учениците од Средната стручна школа од Крагуевац Р.Србија предводени од нивните професори и ценети наши драги пријатели Нада Петровиќ, Дејан Илиќ, Саша Мутавџиќ, Милан Габриќ, Јован Диниќ. Прекрасната атмосфера, дружењето и конструктивниот разговор ни го збогати со неговото присуство почитуваниот претставник на Општина Охрид од Секторот за спорт,млади и невладини организации Димитар Спасески. Охрид и Крагуевац се збратимени градови кои хармонично и братски функционираат на сите полиња.Ги разгледавме сите опции и предлози кои ќе помогнат за уште поголема соработка на полето во туризмот, економијата, науката, итн, информира Почесниот конзул на Р. Србија во Охрид Михајло Филев.

Ќе се збратимуваат средните стручни училишта од Охрид и Крагуевац.
-Првиот чекор на взаемно задоволство и со поддршка од градовите ќе биде збратимување на Охридското средно училиште ОЕМУЦ Св.Наум Охридски со Средната Стручна Школа од Крагуевац, кои ќе соработуваат и ќе се дружат меѓусебно во многу заеднички проекти, размена на искуства и знаења.Тоа позитивно ќе влијае во создавањето на професионален квалитетен кадар и убава светла иднина на младите луѓе од двете братски држави и регионот кои ќе бидат уште една силна потпора од цврстиот мост низ векови создаван помеѓу народите, составен од љубов, почит, слога, разбирање, додава Филев.

