Агенцијата за туризам и општина Вевчани потпишаа меморандум

Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Вевчани и АППТ.

Во просториите на општина Вевчани градоначалникот Спасе Кочовски и директорот на АППТ Љупчо Јаневски потпишаа меморандум за соработка и дејствување во областа на туризмот. Со тоа локалната самоуправа и Агенцијата за подршка и промоција на туризмот се обврзаа дека ќе работат на афирмација и креирање на услови за развој на туризмот.


Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес. Подготовка, развивање и учество во заеднички проекти и истражувачки активности како и организирање трибини, советувања и други настани за развивање и промоција на туризмот, информираат од општина Вевчани.


На средбата од страна на директорот на АППТ, Јаневски беше посочена неопходната промоција на туристичките потенцијали со кои располага Вевчани сместена под падините на Јабланица на туристичките саеми надвор од државата, одржување на трибина за развој на руралниот туризам, категоризација на туристичките сместувачки капацитети со кои располага општината и нејзино мотивирање преку туристичка такса да се уредуваат и издаваат и други објекти за привлекување на што поголем број на туристи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани