Бејби бум во Охрид, На гинеколошкото одделение во охридската болница на првиот ден од Новата година се слушна плачот на пет новороденчиња.
Сите од различни мајки. Ова се случува за прв пат во поновата историја на градот, каде со години се бележи намален наталитет.
Првото бебе од 2024 година е машко, а по него се родени три женски бебиња и уште едно момче. Се верува дека 2024 ке биде плодна и просперитетна година.
На сите пет новогодишни бебиња градоначалникот им подари пригодни подароци. Ваучер од 20 000 дена за првото, а за останатите ваучери по 10 000 ден.
-„Имаме пет новородени дечиња, голема радост. Тука сме денес да им честитаме и да изразиме благодарност и за мајките и за тимот на болницата. на сите им дадовме пригодни подароци“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.
– Благодариме на дежурниот тим кој цела ноќ неуморно работеше и ни донесе здрави бебенца. Благодариме и на менаџерскиот тим на општата болница и општина Охрид за пригодните подароци. Оваа година ќе се потрудиме во нашето одделение да воведеме и нови интервенции а ќе бидеме засилени и со уште двајца специјалисти кои ни даоаѓаат од специјализација“ истакна д-р Катерина Попоска раководител на гинеколошкото одделение.
Дежурниот гинеколог д-р Горан Маркоски со целиот тим на гинеколошкото одделение ноква имаа полни раце работа
-Првиот ден од Новата година ни донесе пет новородени бебиња од кои три женски две момчиња. Три се породени со царски рез, а две природно спонтано Верувам дека овој почеток на Новата година ќе донесе бериќет за целиот наш град“, изјави д-р Горан Маркоски дежурниот гинеколог.
-„Благодарност до целиот тим на гинекологија честитки до мајките на новороденчињата. Се надевам дека ќе имаме бериѓетна година а тоа го навестува првиот ден од Новата година“д-р Асен Шајн директор на болницата.
Најважно од се е што и родилките и новороденчињата се во одлична здравствена состојба Вчера на последниот ден од 2023 се родија три бебиња.
Изминатата 2023 година на гинеколошкото одделение во Охрид родени се 503 новороденчиња.