Вработен во обезбедувањето во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил физички нападнат од 34-годишен жител на струшкото село Долна Белица.
Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен на 12 ноември, пет минути по полноќ. Н.М. (34) физички го нападнал вработениот во обезбедувањето во објектот.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
