Со биење на камбаните и пеење на свештениците утрово започна празничната богослужба во Светиклиментовиот храм на Плаошник. Голем број верници, присуствуваа на литургијата. Мешу нив беше и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на Советот Сашо Донев.
На литургијата се придружи и претседателот на државата Стево Пендаровски.
Охрид и охриѓани со посебен пиетет го празнуваат Свети Клиемент Охридски, заштитникот на градот.