Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов „Све ли ја да мислам”, а по текст на Божидар Божиновски (Моџо).
Премиерата тргна од Прилеп, продолжи во Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настани турнејата собра над 5000 луѓе. За Бојан, настапот во Охрид му е од особено значење:
„Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе можат да ме видат во едно вистинско светло. Ветувам спектакл и смеење на секои 20 секунди 75 минтуи.“, открива Велевски.
Продажбата веќе се одвива со брзо темпо. На седум дена дена пред настанот веќе се продадени првите 100 карти, а настапот е на 11.11.2023 во 20ч Театар Охрид,
Картите се во А2 Тобако и Даблин Паб. (200ден)
Ова е атмосферата од досегашниот тек на турнејата. (фото)