Владата размислува да го раскине договорот со кинеската комапнија Синохидро, во однос на изградбата на автопатот Охрид -Кичево. На два месеци до крајот на најавениот рок за завршување на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, вицепремиерот Артан Груби побара да се разгледа договорот на автопатот кој се гради 10 години, па ако треба и да се раскине.
Власте најави и кривична постапка против оние кои грешеле при проектирањето, бидејќи самото одолговлекување на изградбата ги чини живот граѓаните.
„На десетта година имаме изведувачи од Кина, кои се уште не го завршуваат автопатот и затоа треба да се направи ревизија и врз основа на да се донесе одлука, како да се продолжи, а една од опциите е секако и раскинување на тој договор. Таа ревизија ќе покаже точно кои се елементите кои предизвикале да има толкаво доцнење на патот. Самиот договор претставува закон и секоја негова промена, секој негов анекс се одобрува од пратениците“, рече Ковачевски.
За градоначалникот Пецаков изградбата на автопатот Охрид Кичево е скандалозна.
-„Скандалозна и проблематична изјава која што отвора сомнеж дека би се довело повторно исцрпување и испумпување милиони милиони евра од буџетот на Македонија за воспоставување криминална зделка слично како принципот кој го започнаа со автопатот, односно само таблата се уште немаме видено ниту рута од автопатот кој што го започнаа на релација Гостивар Скопје“, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.