Во Вевчани денес не се одигра Василичарското оро

За прв пат во Вевчани  денес не се одигра Василичарското оро. Радоста и вревата на  Вевчанскиот карневал, исчезна поради трагичната смрт на 19 годишното момче, синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски, кој синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа.

Карневалот го предводеа зурли и тапани, но со едноминутно молчење на плоштадот Василичарите оддадоа почит на прерано згаснатиот живот. Општината и угостителските  објекти ја откажаа музиката.

Василичарите велат и покрај трагедијата остануваат верни на традицијата  испратија, досетливи пораки од  најстарата карневалска манифестација.

-За овие изминати 30 години преокупација на политичарите им беше се ова што е напишано. 0050 Почнувајки од врвот па се до дното“, вели еден василичар.

-„Живот во македонија, среќата добивка, така дојде државата нема услови не дава пари ние си ја бараме среќата на машините државна лотарија на Македонија“,

-„Јас сум генерал Стојанче Агелов моментално сум во Вевчани по можност  да ги избракме мечките да им кажеме дека овде нема храна овде има вино и ракија“

Мештаните и посетителите велат не паметат ваква тажна Василица.

-Јас имам 80 години ваква трагедија не паметам. Многу сме тажни, вели повозрасен жител на Вевчани.

Илјадници посетители  беа дел од Вевчанскиот карневал, познат по уникатните пагански обичаи и ритуали  кои се сметаат за традиција стара 1400 години.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани