Во општина Охрид традиционално се „вртеше паричка“

Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски  се најсреќните меѓу вработените во Локалната самоуправа. Тие денес ја пронајдоа паричката што по повод  големиот христијански празник  Православна Нова година – Василица  по традиција на заеднички појадок  се бара во Општина Охрид.

Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови,  Даниела Ристова, Васко Маркоски и Даме Балоски.

Новите кумови посакаа во Новата Година да имаат добро здравје со желба за успех во работата и напредок на Општина Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани