Во Охрид се дискутираше за негативното влијание на дивите депонии врз животната средина

„Негативното влијание на дивите депонии врз животната средина“ беше главна тема на денешнниот регионален настан, кој во организација на Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ и Министерството за животна средина, се одржа во Општина Охрид.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи комунални услуги“, во кој се предвидени осум регионални настани.

Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој истакна дека дивите депонии и справувањето со нив е вистински предизвик за секоја Локална самоуправа.

– Позитвно е одржувањето на настани од овој тип кои имаат за цел подигнување на јавната свест бидејќи без самосвесни граѓани залуден е секој труд на јавните комунални претпријатија. Ние како локална самоуправа заедно со јавното комунално претпријатие спроведуваме низа активности кои имаат за цел превенирање од создавањето на диви депонии. Во таа насока е зголемувањето на бројот на спроведени акции за подигање на кабаст отпад, отворањето на линија каде граѓаните може да најават одлагање на кабаст отпад, зголемувањето на локации за поставување на котејнери. Тука би спомнал дека од неодамна поставивме и контејнери за електричен и електронски отпад, а од претходно имаме поставено и контејнери за стакло, пластика и хартија, покрај стандардните. Меѓутоа, како што кажав и сето ова е недоволно доколку граѓаните не станат свесни за штетноста од создавањето на диви депонии, потенцираше Пецаков.

Тој изрази надеж дека во најскоро време ќе се создадат услови за реализација на проектот за изградба на регионална депонија во Југозападниот регион.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани