Во Струга – „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне“

Изминатиот викенд, во организација на Кајак кану клубот ДРИМ, под мотото „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!“, на „Машка плажа“ во Струга, успешно беа реализирани завршните активности од проектот „Зелен Кајак“.

На настанот учествуваа спортски рекреативци, екологисти и волонтери, членови на кајак и СУП клубови од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.

Нема достапен опис.

За сите заинтересирани одржана беше Еколошка работилница после која следувашеЕко-регатата. Стартот на еко-регатата беше на „Машка Плажа“, а собирањето на отпад се одвиваше долж крајбрежниот појас, во правец према Црвен Крст, Струга, во должина од 1 км. За неполн час, еко-волонтерите собраа 970 кг отпад. За најуспешните тимови следуваа симболични награди. Спроведени беа и мини-обуки за управување на кајак за сите заинтересирани посетители на настанот, од страна на професионални тренери од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.

Како финална проектна активност беше организирана Меѓународна натпреварувачка кајак регата. Учесници во регатата беа кајак клубови од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија и тоа: Какјак кану клуб Дрим од Струга, Македонија, Клуб Братство од Србија, Водена Земја од Бугарија и Хрватскиот кајакарски сојуз. Најдобар екипен пласман постигнаа натпреварувачите од Хрватска, како второ пласирани завршија учесниците од Македонија, а потоа следува Србија како трето пласирани и Бугарија на четвртата позиција.

Нема достапен опис.

Настаните беа збогатени со настап на DJ Александар Паноски и водителот Иван Лазороски.

Проектот има за цел да ја зголеми свеста за борба против загадувањето на природата практикувајќи еко-спортови на вода.

 

Носител на проектот е организацијата МЛАДИИНФО, а финансиран од Европската Унија, како дел од ЕРАСМУС + програмата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани