Во струшката болница бесплатни мамографски прегледи

Расте бројот на новооткриени карциноми на дојка во Југозападниот регион во земјава. Загрижува тоа што се намалува  старосната граница, болеста се појавува кај се помладата популација.  Најмладата пациентка со дијагностициран  рак на дојка во регионот има само 27 години, а најстарата 84 години.

Како дел од кампањата Розов октомври во струшката болница секоја сабота се нудат  бесплатни скрининг мамографии, а целта е  рана дијагностика и превенција од рак на дојка.

-„Општата болница Струга оваа година се приклучува кон овогодишното одбележување на Розевиот октомври кој е месец посветен на борбата против карционом на дојка се приклучува кон подигнување на свеста кај граѓаните да вршат контроли“ изјави Арменд Арслани директор на струшката болница.

Во струшката болница има нов мамограф, но нема доволно стручен кадар – специјалисти по радиодијагностика, сепак  велат се екипираат и скрининг мамографиите и бесплатните прегледи ќе продолжат до крајот на  годинава.

-„Откако е ставен во функција нашиот мамограф во соработка со министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ние имаме месечно околу 60 прегледи со мамографот, кој е ставен во функција во нашиот објект а од друга страна би истакнал дека апаратот е софистициран последен модел“, додава Арслани.

Лекарите препорачуваат  секоја жена редовно да прави самопреглед, ултразвук, скрининг мамографија, како и гинеколошки преглед, бидејќи навремено откривање на болеста е првиот чекор за успешно лекување.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани