Традиционално во струшко Ташмаруништа ќе се одбележи Илинден.
Прославата на двата Илиндена ќе започне со полагање на свежо цвеќе на спомен-обележјата на паднатите борци во Илинденското востание 1903 и Народно-ослободителната борба 1941-1944.
Во с.Драслајца (9:00ч), с.Ложани (9:15) и Ташмаруништа (10:00ч).
Официјалниот почеток на манифестацијата е во 11:00 часот во дворот на црквата св.Архангел Михаил во Ташмаруништа, информираат од К.М. Илинден – Ташмаруништа.
На собирот ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.