Гимназијалката Симона Димитриеска од Охрид, со парите од освоената награда подели пакетчиња за децата со посебни потреби.
Хуманоста е доблест и златен клуч на големото срце на Симона – ИМА ЗОШТО ДУША ДА Е!
,,Клименте – светост на мојот град” напишана од златното перо на нашата гимназијалка Симона Димитриеска (I-7) зрачи со човечка вредност која ни донесе награда преку којa таа ја искажа својата доблест и го зеде својот златен клуч отворајќи го големото срце за хуманост.
Со паричните средства цврсто реши да даде подароци и обезбедивме 51 новогодишно пакетче кои ги подаривме таму каде што е најпотребно и онаму каде што беше нејзина желба.
Со огромно задоволство бевме пречекани во Игротека Радост од Здружението ,,ВОПС” и во просториите на Здружението Tajnite na Moeto Srce – Тајните на Моето Срце. Како ментор сум навистина горд и искажувам огромна благодарност од името на Симона и соученичката Марија Шиникоска од I-7. Дополнително секој ученик од класовите I-7 и III-2 ќе си добие новогодишно пакетче.
Чувството дека си во близина и со златните деца нѐ прави поголеми личности, информира менторот професор Перчо Божиноски.


