Гир денеска во посета на општина Дебрца

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Давид Гир, денешниот ден го мина во целодневна работна посета на општина Дебрца.

Притоа, евроамбасадорот Гир имаше работна средба со градоначалникот Зоран Ногачески и членовите на Советот на Општина Дебрца, по што изврши посета и промоција на дел од претходно реализираните проекти, поддржани и од страна на Европската Унија.

Амбасадорот Гир со своите соработници, имаше повеќе часовна средба и размена на идеи и искуства со претставници на невладиниот сектор.

Теми на интерес беа прашања од доменот на културно-историскиот развој и наследство на оваа историска територија, позната од времето на НОВ во Втората светска војна, при што, како локација, беше одбрано селото Црвена Вода и угостителско-рекреативниот центар “Бела каса”, на 1.25о метри надморска височина.

Исто така, стана збор за неограничените, но, недоволно искористени потенцијали за развој на руралниот туризам, производството на еколошка храна, пчеларството, ловот и риболовот.

За Балканскиот поетски камп “Ванчо Николески”, единствената таква манифестација на овие простори, зборуваше организаторот Веле Митаноски, од Здружението за култура и литература “Мацково”, кој на гостинот му подари книга поезија и хроника на селото.

Нема достапен опис

Свои искуства, но, и потреби, споделија Ѓоко Зороски од Здружението за екологиоја и туризам “Еко-Туризам”, Елеонора Велјаноска Пероска од Мрежата на млади фармери “Дебрца”, од селото Мешеишта, Константин Здравески од “Еко мен Лог”, подружница “Дебрца” претставникот на општина Дебрца ,Ангел Секулоски и други.

Сопствениците на комплексот “Бела Каса”, Кате и Васил Граждани, на негово барање, го информираа амбасадорот Гир со развојните планови, но, објективните потешкотии и пречки, кои с ,пред се, од комунален карактер и непристапност, за што сами се уверија гостите, заглавени во дебела кал.

Евроамбасадорот Гир, денеска, имаше средба и со претставници од бизнис заедницата во општина Дбрца граѓани.

Веле Митаноски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани