Денеска на празникот, традиционално голем број верници се поклонија во црквата посветена на Света Софија и нејзините три ќерки Вера, Љубов и Надеж, Црквата се наоѓа во населбата Лагадин во Охрид на самиот брег на Охридското Езеро, а ја изгради познатиот охридски угостител Љупчо Патчев.
На денешниот голем празник се одржува и празнична богослужба.