Двајца охриѓани агресивно се однесувале кон полициски службеници.
-На 03.12.2023 во 00.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Г.Ш.(24) и Е.Б.(44), двајцата од Охрид, затоа што агресивно се однесувале и упатиле закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на МВР.