Две измамени жени во Охрид, едната за 5000 евра другата за 14 000 денари

И ветил работа во странство и и зел 5000 евра.

На 21.02.2024 во 11.20 часот во СВР Охрид, 52 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, во септември 2023 година на веб страна таа забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл. Како што е пријавено, таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била известена дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во засебен случај измамена е друга жена од Охрид.

На 21.02.2024 во 16,20 часот во СВР Охрид, 62 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 14.000 денари. Според пријавеното, околу 13.30 часот во нејзниот дом дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва, а откако се договориле таа му ги дала парите, по што лицето заминало.  Како што е пријавено, до пруиавувањето лицето не ги донело дрвата и не ги вратило парите, по што таа се посомневала дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на СВР Охрид.

Social profiles