Две лица се повредени во сообраќајка на „Мерцедес“ и полициско возило

Две лица се повредени во сообраќајка помеѓу „Мерцедес“ и полициско возило.

На 17.12.2023 во 00.40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Д.Н.(37) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А. (42) од Охрид, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани