Две засебни нарушувања на јавниот ред и мир.
На 11.02.2024 година во 00.40 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се В.Ш.(26) од селото Слатино, општина Дебрца и И.Т.(25) од струшкото село Биџево. Тие, претходно во, а потоа и надвор од објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со викање, агресивно однесување и меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.02.2024 година во 03.45 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведен е П.И.(24) од селото Злести, општина Дебрца. Тој, бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.