Доцни изградбата на патиштата во Југозападниот регион во земјава

Доцни изградбата на патиштата во Југозападниот регион во земјава. Се уште не е пуштен во употреба делот од автопатот Охрид- Кичево, трасата Требеништа – Подмолје, која требаше да биде готова во август годинава. Изминува и септември, но градежните работи не се интензивни.
Од министерството за транспорт , велат ги завршиле сите потребни постапки, но изведувачот доцни.


– Сите постапки се завршени од страна на Министерството за транспорти врски. Останува изведувачот да ги реализира градежните работи според динамичкиот план. Изградбата на автопатската делница Кичево-Охрид останува приоритет ,-информираат од Министерството за транспорт и врски.


Од Јавното претпријатие за државни патишта велат на делот Требеништа Подмолје останале само уште два неасфалтирани километри.

-Пробиени се околу 95% од целата траса, а процентот на реализација на работите на делот кај Требениште-Подмоље е 75%. Имаше оправдани причини кои ја успорија работата, но со засилено темпо се очекува забрзување на процесот, велат од Јавното претпијатие за државни патишта.


Иста е состојбата и на патниот правец од Извор до Дебар, градежните работи и таму доцнат.


-Овој дел овде ни одзеде доста време бидејќи е многу длабоко и го миниравме можеби пет- шест пати е минирано за стигнеме до посакуваната нивелета. Така што само овде се задржавме еден месец сигурно, вели Александар Здравески, надзор на градежните активности.


Автопатот Охрид Кичево е клучната делница која ги поврзува двата туристички центри во земјава. Изградбата започна во 2014 година, според планот требаше да заврши во 2018 година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles