Едриличарите бараат соодветна инфраструктура за развој на наутички туризам

Запре набавката на едрилици, единствените еко пловни објекти на Охридското Езеро. Причина е недостигот на паркинг, за нивно соодветно сидрење. Со децении се најавува изградба на марина соодветно паркиралиште за огромниот број пловила. На Охридското езеро во регостарот впишани се околу 2800 пловила, а во еден ден во шпицот на сезона пловат околу 300 пловни објекти.

-„Марината е особено важна, еве веќа застана увозот набавката на едирлици. Знаеме многу луѓе што би сакале да набават едрилица но едноставно физички нема простор каде да ја усидрат. Ако сакаме да се зголеми бројот на еколошки пловни објекти мора во наредниот период под итно, времето е многу одминато најбрзо што е можно да се изгради“, вели Будимир Соколовиќ едриличар.

Едриличарите велат не е потребна голема, скапа и луксузна марина, туку едноставна, изградена од еко материјали согласно препораките на УНЕСКО.

-„Наједноставна значи да има валобран да се заштити од југот и едноставно од камен од дрво од еколошки матаеријали да се изработи еден пристан, една марина еден валобран“, додава Соколовиќ.

Доколку Охрид има соодветно пристаниште за сидрење на еколошките пловила дополнително ќе се развиваат наутичките спортови. Охридското Езеро има голем и неискористен потенцијал.

-„Нашето езеро е како мало море, условите за развој на анутички туризам се огромни. Оваа водена површина доколку има соодветна инфраструктура според некои европски норми би генерирал околу 80 до 100 милиони евра годишен приход од наутички туризам“, додава Соколовиќ.

Странските туристи се воодушевуваат од прошетките со едрилици низ езерската шир. Едриличарите велат доколку има неопходна инфраструктура бројот на еколошки пловила десеткратно ќе се зголеми.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани