Доаѓа уште една тешка зима за хотелско- угостителскиот сектор. Експертите прогнозираат потешка криза за туризмот во однос на пандемијата. Поголемот дел од компаниите нема да може да ги покријат режиските трошоци.
Научната фела смета дека владата итно мора да размислува за сувенционирање на електричната енергија, бидејќи голем дел од компаниите ќе стават клуч на врата, а со тоа ќе бидат загрозени работните места на вработените во туризмот.
Треба итно да се преземат чекори за спас на туризмот и угостителството да не дозволиме повторно да се случи она во 2020 та година, кога крахира туризмот , вели Климент Наумов професор на Факултет за туризам.
И големите и малите комппании подеднакво ќе бидат погодени од кризата. Доколку затвораат ќе се намали девизниот прилив во државата.
-Периодот што следи ќе биде многу тежок, можеби и потешок од периодот во пандемијата. Треба да им се ппомогне на комппаниите, знам дека дел од хотелите ќе затвораат особено оние надвор од градското јадро. Тоа е можеби подобра алтернатива за нив отколку да прават големи трошоци, вели проф. Цветко Андреески декан на Факултетот за туризам.
Според проценките на ХОТАМ , во хотелскиот сектор на брегот на Охридското езеро има околу 3 000 вработени. Доколку нема поддршка од владата за надминување на енергетската криза, голем дел од нив ќе останат без основна егзистенција.