Заврши празничниот викенд, гостите заминуваат со убави впечатоци

Заврши  празничниот викенд во Охрид. Со убави впечатоци денес од главниот туристички центар заминуваат поголемиот дел од гостите. Најбројни деновиве беа гостите од Србија, Бугарија и Црна Гора, но неизостанаа и домашните гости. Имаше и организирани групи од Холандија, Полска и Германија.

Гостите покрај богатата забава во хотелско угостителските објекти се запознаа и со  културно историското наследство на Охридскиот регион. Најголема посетеност имаше во Стариот дел на Охрид , манастирот Свети Наум и Заливот на коските.

-„Културната тура низ стариот дел на градот секако дека има голем интерес покрај тоа што доаѓаат за забава сепак туристите сакаат да го пополнат своето време. Да прошетаат и да дознаат уште некоја тајна плус, уште некоја скриена приказна која што секој од нас водичите ги имаме за да го направиме пресотојот уште поинетересн приказната да биде уште поинтересна. Се трудиме да ги забавуваме на еден забавен начин да ја раскажеме нашата историја. Покрај стариот град секако не изостанува и манастирот Свети Наум. Понатаму Струга, Вевчани, калишта значи имаме околина и што да покажеме покрја во летниот и во зимскиот период нашиот Охрид секогаш е преубав, Бисер на Балканот“, вели Даниела Сакова туристички водич.

Од хотелската асоцијација велат во зимскиот период недостига воведување на чартер летови и збогатување на понудата во регионот со скијачки центри.

– „Зимскиот период ни се намалени бројот на летови, чартер летовите ги немаме во зимскиот период, штом сме лимитирани со летови знаеме дека странците треба да дојдат со авион секако нема да возат. Некои ги користат летовите до Скопје , зборувам за странците од подалечните земји а овие од поблиските доаѓаат со автобуски превоз или со автомобили. Авионскиот превоз ни е лимитиран во зисмкииот период: треба многу да се понуди како би биле инетресни да се отворат повеќе евтини летови кои би биле интересни во зимскиот период. Треба да поработиме на зимските центри , потребни ни се повисоки класи на зимски центри како би биле попривлечни за странските  гости да доаѓаат“ вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

И следниот  продолжен празничен викенд за Божикните празници се очекува зголемена посетеност во Охрид. Не како за Новогодишните празници, но резервации има и од земјава и од соседните земји.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани