Занаетите изумираат, потребна е стратегија

Занаетите изумираат, а години наназад нема план да се спречи овој процес. Охридските занаетчии  изготвија стратегија која ќе ја достават до Владата и министерството за економија ќе се обидат да издејствуваат за да опстанат и да ја остваруваат основната егзистениција. Велат итно се потребни владини мерки за субвенционирање и поттикнување на занаетчиството. Да се спаси занаетчиството додека и последните дуќанции не ставиле клуч на врата.

-„Јас лично имам изработено долгорочна стартегија за развој на занаетчиството, сега чекам на управен одбор да помини на Републичка комора за да се проследи до надлежните органи, и до министерството за економија и до владата. Крајно време е државата да преземе обврски да го спаси занаетчиството. Статегија во која е планирано и оние занаети во изумирање ќе може да опстанат и да работат“ , вели Сашо Богоески претседател Регионална Занаетчиска Комора Охрид

Ситуацијата во занаетчиството е се полоша од година во година. Згасуваат скоро сите занаети. По охридската чаршија тешко се наоѓаат и шнајдери и кондураџии. Помладите кои го учеле занаетот се откажуваат заминуваат да работат во фабрика. Причините се малата заработувачка и  големите давачки.

-„Во последните неколку години бројот на занаетчии драстично е намален, не само во Охрид туку општо во цела земја затоа што нема владини мерки за субвенционирање, тоа е најголемиот проблем. Пред шест седум години владата ги пдомируваше трошоците за плата и персонален данок до пет години а сега тоа го нема“, додава Богоески.

Економската криза и инфлацијата негативно влијаат на занаетчискиот сектор. Во Охрид се регистрирани 250 занаетчии од кои најбројни се фризерки, козметичарки и бербери.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани