За 10% до 20% поскапени Новогодишните аранжмани на брегот на Охридското Езеро

Новогодишните аранжмани на брегот на Охридското Езеро годинава бележат поскапување од 10 до 20%. Цените за три денови во хотел со вклучена  специјална свечена прослава на Новогодишната ноќ   се движат од 200 до 300 евра по лице  зависно од понудата и  категоријата на објектите.

Поскапувањето на цените е под притисок на инфлацијата, како и подобрување на понудата,  но  според хотелската асоцијација Охрид и натаму е најевтина дестинација во регионот.

-„Има пораст на цените но многу пати сме спомнале дека и покрај тоа ние сме пак една поевтина дестинација.  Штом имаме исполнето и од странски гости 80% некаде и повеќе во некој просек се странски гости тоа значи дека имаме добри понуди во споредба со околните држави. Цените се поскапени но секаде се псокапени“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Во главниот туристички центар традиционално ќе има  организиран дочек на Новата година на градскиот плоштад.  И туристичките работници ја збогатуваат понудата, се нуди   Новогодишен афтер парти бранч на плажа, вино и чоколадо на зајдисонце,  празнично крстарење со брод и други анимации.

– „Добро е кога има добри понуди, и добро е што за тие денови може да се каже некаде од 20 ти декември па се до 10 јануари со нашиот Божиќ ќе биде жив градот и целото крајбрежие на Охридското езеро“, додава Блажески.

Охрид е исклучително популарна дестинација за Новогодишните празници особено за младите од соседството. Српските агенции на големо го продаваат градот , со автобуски превоз од Ниш или Белград и  индивидуален дочек на Новата година цените се движат  околу 140 евра.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани