Изложба во чест на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Во организација на Општина Охрид на 22.12.2023 година (петок) во очи на одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев, активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација, во Спомен-куќата на Христо Узунов со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата Лица на револуцијата: Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери односно, Лица на револуцијата:
„Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии, 1893-1934“ – изложба која одбележува и три јубилеи:
120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна организација.
Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научната јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани