Казнети 18 пијани возачи на пдрачјето на СВР Охрид.
-На 24/25.02.2024 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга- 04,Кичево-09, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.