Малолетници после полноќ затекнати во угостителски објект.
-На 09/10.02.2024 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија акциски контроли по угостителските објекти во градот при што, во 03 часот, во еден локал лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, затекнати се повеќе малолетни лица. Врз основа на констатираниот прекршок, против правниот субјект и одговорното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во соопштението на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.