Над 300 капачи пријавени за Светиот крст во Охридското Езеро

Голем интерес од страна на капачите за учевство во најголемата црковно народна манифестација во земјава Богојавление Водици во Охрид. Досега во Дебарско кичевската епархија пријавени се над 300 капачи. Интересно е што покрај охриѓани има интерес и од верници од други градови. Се пријавуваат млади од Битола, Струмица, Куманово, Прилеп, Ресен.

И годинава се очекува околу илјада капачи да пливаат  по Светиот крст во ладните езерски води.ч.

-„Покрај голем број пријави на охриѓани, доста имаме пријавени луѓе и од другите градови. Струмица, Битола Скопје, Над 300 се пријавени досега. Масовно е тоа во Охрид секогаш така да се очекува голем број.Во месноста Сараиште ќе има групно крштевање сите заинтересирани  ги повикуваме може да се пријават во црквата Геракомија кај парохискиот свештеник. Ова е долгогодишен обичај и секој кој има желба и инетерс да го направи на овој посебен ден може да се пријави“, изјави Илија Ристевски претставник од Дебарско кичевската епархија во утринската програма на МРТ.

Организаторите велат веќе се е подготвено за празнувањето, а Охриѓани со посебен пиетет го слават Богојавление Водици. Празникот се смета за круна на Јануарските празнувања. Богослужби во сите цркви, литии до градското пристаниште, духовна музика но и греана ракија се дел од традициите.

-„Од најмал до најстар , сите охриѓани особено во Стариот дел на градот од каде што и потекнува оваа традицја со нетрпение и со Божествен трепет можам да кажам дека го очекуваат овој празник на Светото крштение Господово на овој ден“, вели Ристески.

Осветувањето на водите на Охридското Езеро е привлечно и за странските туристи. Положувањето на Светиот крст на 19 јануари во 10 часот  се очекува да го следат и голем број туристи од соседството.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани