На Водици традиционална крводарителска акција.
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2024 (петок) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, информираат од Црвен крст Охрид.