,,На пат тргнувај одморен” едукативни мерки на СВР Охрид


Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето 2022“.

За таа цел, полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан“ и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата,  со акцент на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни температури врз способноста за управување со моторно возило, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за безбедно учество во сообраќајот. Кампањата продолжува и на другите подрачја на СВР Охрид

Social profiles