Одбележани 110 години од Охридското востание

По повод 110 години од Охридското востание, делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на Спомен-обележјето на востаниците во селото Велгошти. Свежо цвеќе положија и претставници на Подрачното одделение на Државниот архив, Охрид; Месната заедница на село Велгошти; здруженија и политички партии.

Охридското востание се одржало во септември 1913 година, еден месец по потпишувањето на Букурешкиот договор. На чело на востанието застанале охриѓанецот Петар Чаулев и стружанецот Милан Матов. Биле ослободени Охрид, Струга, Дебар и Кичево во содејство на четите на ВМРО и на албански востаници. Востанието имало тајна поддршка од младата албанска држава и биле формирани тела со мешан состав.

Social profiles