Општината во портокалово, поддршка за болните од мултипла склероза

Општината обоена во портокалово, за поддршка на мултипла склероза.

Во знак на поддршка на луѓето кои се соочуваат со мултипла склероза, вечерва зградата на Општина Охрид ја осветливме во портокалово, напиша градоачалникот Пецаков, кој и лично се вклучи во кампањата.

Инспириран од симболот на знаковен јазик за зборот „заедно“, MS Heart е симбол на солидарност за сите погодени од мултипла склероза. Во знак на поддршка на повеќе од 1500 лица во Македонија, кои се соочуваат со оваа хронична болест со илјада лица, јас се вклучив во кампањата на Светскиот ден на МС, вели Пецаков.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „#ms connections worldMSday 30 MAY Kiril Pecakov“
• Мултипла склероза е хронична, прогресивна, воспалителна, дегенеративна болест на централниот нервен систем и една од најчестите причини за инвалидитет кај младата работоспособна популација
• Симптоми на мултипла склероза: заматен вид, двојни слики, слабост и отежнато движење, нарушување на рамнотежата и вртоглавица, проблеми со говор и голтање, когнитивни и емотивни нарушувања и многу други
• Во Република Македонија живеат повеќе од 1500 лица со мултипла склероза, а секоја година се дијагностицираат околу 90 – 120 нови лица
• Повеќето лица со мултипла склероза се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 годишна возраст, односно во најпродуктивните години од животот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани