„Охридско лето“ најавува богата програма за 2024 година

Со 30 милиони денари поддршка од министерството за култура ќе се крои програмата на фестивалот Охридско лето. На годинешното фестивалско издание се најавуваат  над 50 настани со околу 1000 уметници, но засега не се отркиваат имиња, деталите  ќе бидат објавени на официјална прес-конференција.

Директорката Наташа Поповиќ вели дека уметничката програма за „Охридско лето 2024″ е веќе завршена, а во тек се активностите за средување, опремување и адаптација на сцените и сценските простори за реализација на годинешното издание на Фестивалот.

– „30 милиони денари одвоени за фестивалот Охридско лето, средства кои навистина се доволни за да имаме една врвна програма со светски уметници и наши уметници кои ќе имаме повеќе од 1000 годинава. Верувам ќе го оправдаме тој буџет и ќе бидеме взаемно среќни за програмата која ја сработивме“, вели Наташа Поповиќ директорка на Охридско лето во интервју на утринската програма на МРТ.

Продолжуваат и настаните надвор од рамките на редовниот термина на фестивалот Охридско лето. Годинава на задоволство на љубителите на музиката ќе има и Осмомартовски и Велигденски концерт.

-„Реализираме концерти и преку годината , имавме прекрасен Новогодишен концерт, со да кажам Виена во Охрид со оркестарот на НОБ Скопје. Сега се подготвува Осмомартовскиот концерт на кој ќе дојде оперскиот пејач од Италија Федерико Сера, чиј ментор е светскиот познат Андреа Бочели. Тие оперски арии ќе не однесат во познатите арии и Италија и ќе биде голем поклон за сите охриѓанки и жени кои ќе сакаат да присуствуваат. 0300 После тоа следува велигденски конецрт што ке биде како и завршница на концертите надвор од програмата по што ќе следуваат подготовките за свеченото отворање“, додава Поповиќ.

Со настаните надвор  од утврдените фестивалски денови „Охридско лето“ како најголема и најзначајна музичко-сценска манифестација  создава можности за уживање на љубителите на врвната уметност  и ја збогатува  културната понуда на градот во текот на целата година.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани