Охрид домаќин на државниот натпревар по шах

Вчера  во ООУ „Св. Климент Охридски“ се одржа државниот натпревар по шах во организација на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија. Во натпреварувачкиот дел учествуваа 95 шахисти од земјава. На отворањето на настанот во име на градоначалникот Кирил Пецаков присутните ги поздрави раководителот на Секторот за образование и култура при Општина Охрид, Димитар Спасески.

 

-Дозволете ми да го изразам моето огромно задоволство што Охрид е домаќин на државниот натпревар во шах. Тоа значи дека денес меѓу нас се најголемите умови од земјава затоа што шахот е вежба за мозокот и игра на исклучително паметни луѓе со висок коефициент на интелигенција и умствена дарба. Овој спорт е стар повеќе од 2 000 години и уште е наречен „игра на големите умови“ .

Јас сум сигурен дека на денешниот настан присуствуваат спортски судии, теоретичари и веле мајстори во шаховски вештини. Секако посакувам да победи најпаметниот во најпаметните.

Ценети организатори,почитувани учесници во натпреварувачкиот дел, топло ви препорачувам по натпреварот „наполнете ги батериите“ шетајќи низ убавиот Охрид кој периодов е во новогодишен декор. Прошетајте низ сокаците во Варош и Мескокастро во старото градско јадро. Секоја плочка, секој камен кој ќе го згазите крие некоја охридска легенда. Тука се музејските куќи на Робевци и Уранија, античкиот театар, Климентовиот манастир на Плаошник и Пантелејмон и Античкиот театар. Во секој агол ќе пронајдете стара охридска црква во која Климент Охридски ги бележел житијата за своите учители Кирил и Методи. Секако не ја одминувајте Самуиловата тврдина која е најдобриот доказ за Царска Македонија. Во вечерните часови посетете некој од бројните охридски локали. Вкусете дел од охридските специјалитети и забавувајте се на прекрасната староградска музика. И секако јас ве уверувам дека повторно ќе посакате да се вратите кај нас. Затоа што Охрид е идеален склоп од традиционалното и модерно време- рече Спасески.

На настанот се обратија и претседателот на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и директорот на ООУ „Св. Климент Охридски“, Јордан Пуроски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани