Охрид распродаден за Новогодишните празници

Охрид букиран за Новогодишните празници. Хотелските капацитети бележат исполнетост од 80 до 100 %. Најбројни ќе бидат гостите од регионот, Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Црна Гора.

Според туристичките работници Охрид е секогаш примамлива дестинација за Новогодишните и Божиќните прпазници.

-„Најавите се дека градот ќе биде исполнет повеќе од 90% хотелските капацитети веќе во овој монет се букирани 80-85% меѓутоа се уште има време се очекува да имаме гости од соседтсвото со акцент на соседна Србија, како што имам дојава дека се закупени голем број на аранжмани на гости од Србија, но не се исклучува да имаме гости од сите соседни змеји. Градот е прекрасно украсен така што очекуваме да има голем број гости  за Новогодишните деновви“, вели Челик Асим туристички работник.

Годинава за празниците се очекува да има 30% повеќе туристи во споредба со лани. Нема да изостанат и домашните туристи особено оние кои имаат станови и апартмани на брегот на Охридското Езеро.

-„Може да кажеме дека за истиот период лани сме подобри барем едно 30 до 40%  во резервации Се очекува до 15 до 20 декември да биде исполнето во просек едно 80 до 90% Има уште место цените се различни зависоно од понудата. Со оглед на тоа дека веќе големите објекти се исполнуваат може да дојде и да бидат поскапи, но навремено правење на резервација може да се добијат прилично добри цени“, вели Крсе Блажески претседател на ХОТАМ.

Туристи во Охрид се oчекуваат и за Божиќ, Бадник,   Православна Нова година, но кулминација традиционално  за празникот Богојавление Водици, кога и завршува јануарската  зимска сезона.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани