Охриѓанец фалсификувал уверение за здравствена способност.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој, неовластено изработил уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, кое се обидел да го прикаже и употреби како вистинска исправа, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.