Партиски препукувања на тема годишен регрес на вработените во ЈП Водовод

Партиски препукувања на теа годишен регрес на вработените во ЈП Водовод.

СДСМ обвинува за партизација ии дискриминација.

-Продолжува партизацијата на јавните претпријатија во градов. Селективноста и дискриминаторскиот пристап стана основен принцип и синоним за владеењето на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид. Најновиот, но сигурно не и последен, во низата кадровски преседани на Пецаков и неговиот директор на ЈП ,,Водовод”  предизвика низа реакции на вработени, кои на сопствен грб и на грбот на нивните семејства, го почувствуваа селективниот и антисоцијален партиски принцип на владеењето на ДПМНЕ.

Имено, после скандалот со новата систематизација и новите решенија на директорот, следи нов скандал, во кој без никаков основ селективно и исклучиво по партиска припадност, со дополнителни решенија, наградени се дваесеттина партиски послушници и лица блиски до директорот. Задоволувајќи одредени интереси, во обид да создаде сопствен култ во редовите на ДПМНЕ, оперативната експедитивност на претпријатието забрзано опаѓа, а градот се соочува со сериозен водоснабдителен проблем. Апелираме до Пецаков и директорот на ЈП ,,Водовод” , наместо да ги задоволуваат партиските апетити, да се одважат и согласно Законот  и подзаконските акти да извршат исплата на регрес за годишен одмор к15 за последните три години, во спротивно ќе се соочат  со соодветни пријави, истакна Лајонела Јаковлева од ОО на СДСМ Охрид.

Одговорија од ВМРО ДПМНЕ: 

-За скоро ќе поднесеме кривични пријави за претходното работење во ЈП „Водовод“, тогаш јавноста ќе дознае дали трпат вработените или трпат граѓаните од нивното криминално работење!
Крајно дегутантно е најнеспособната и најкриминалната СДС Охрид да изусти партизација за која е експерт, понатаму уште и да зборува да селективност и дискриминаторство кога истата е крајно бесчувствителна на таа тема.
За каква отчетност и транспарентност зборуваат СДС Охрид и нивниот партиски пулен Јован Крлев кога тие како власт се синоним за затвореност, а отчетноста на функционерите и транспарентноста на Владата им е на пауза. А, за Буџет креиран со граѓаните не можете ниту да сонувате. А, за Буџет креиран со граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков не можете ниту да сонувате.
И да биде уште посмешно, повторно ако не кој друг, туку Лионела Јаковлева, личност која мора да одработи за партиски добиеното работно место кај актуелната нејзина пратеничка и најголемиот уништувач на човечки судбини во образованието.
Јаковлева,
Смешно и поразително е тоа што иако долги години пливавте во новинарските води никако не успеавте да разберете дека за да критикувате треба да имате цврсти факти и аргументи, а не да излегувате со празни глупости за Директорот, Градоначалникот и Локалната власт.
Крајно време е веќе да започнете сите од СДС Охрид да посетувате обуки за лажни вести.
ЈП „Водовод“ во третиот квартал има добивка од 15 000 000 денари, финансиски резултат во услови на двојно повисока цена на струјата и зголемени плати, кој не се памети досега во историјата на претпријатието.
И да, К-15 без да си грижи Јаковлева сите вработени има да добијат согласно законските прописи, доколку не ги познава не ги проучи ќе и требаат лично за нејзините К-15.
Заврши времето на аздисување на директорите на СДСМ по кафани, спортски натпревари во странство и делење бодови и награди од ракав на нивни блиски луѓе за лежење дома и недоаѓање на работа без соодветна законска процедура.
Во ЈП „Водовод“ се донесоа акти согласно законските прописи со кои се регулира целокупното работење во делот на платите и да, навистина ќе добиваат дополнителни средства сите оние кои ќе покажат резултат во работењето.
СДС Охрид се гледа дека е против да добиваат особено оние од кои зависи дејноста, тоа се техничките лица, водоинсталатерите затоа што тие се оние кои макотрпно се грижат за сите ние да добиваме вода за пиење, а кои досега биле целосно запоставени и маргинализирани.
СДС Охрид ги боли тоа што ЈП „Водовод“ покажува резултати и конечно се става ред во претпријатието.
За нив тоа е чудно бидејќи не се навикнати на работа, туку се навикнати на аздисување и башибозук.
За скоро време ќе поднесеме кривични пријави за претходното работење во ЈП „Водовод“, тогаш јавноста ќе дознае дали трпат вработените или трпат граѓаните од нивното криминално работење!
Доаѓа времето кога ќе треба да одговарате за сите ваши криминални постапки пред законот, одговорија од прес центарот на ОК Вмро Дпмне Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани