Градоначалникот Пецаков денес изврши увид на градежните активности на улицата „7 ми Ноември“.
-„Градежните активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „7ми Ноември“ привршуваат. Извршив увид на активностите и можам да констатирам дека тие се одвиваат според предвидената динамика.
Во моментов се прават приклучоци за атмосферска канализација со пресеците на улиците „Егејска“, „Кленоец“ и „Васил Главинов“, додека паралелно со тоа се одвива и спуштањето на каблите под земја, информира Пецаков.
Во наредниот период предвидено е да започнат активностите за изградба на тротоарските површини.