Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности, изведба на фекална канализација на новиот комплекс од згради на Бул.Туристичка (Лукоил и Окта). Должината на трасата изнесува 550 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф250 и Ф315 метри и изработка на 16 армирано бетонски ревизионни шахти.
Градежниот зафат изнесува 3.865.966,оо денари и се реализира по налог на фонд за комунален развој со средства од буџетот на општина Охрид.