Овој месец се навршија 123 години од раѓањето на најплодниот холандски поисател од минатиот векл, Корнелиус Боб Спелстра, познат под псевдонимот А.ден Доолаард.
Покрај другото, тој е автор на романот „Свадбата на седумте цигани“, кај нас преведена како “Свадба во Охрид”, кој е со тематика за Охрид, каде А.ден Доолаард ја опишува нашата држава како место на светот кое не смее да се пропушти, поради својата богата историја и културно наследство.
Од таму, овој писател се смета за еден од главните “виновници” за тоа што Македонија, а посебно Охрид, се омилена дестинација за холандските туристи.
Нему му се припишуваат и заслугите за мешаните бракови, помегу Македонци од Охрид и Холанганки, за тоа што холандски брачни двојки го одбрале Охрид за место на живење, но и за врските и братимењето на Охрид со холандскиот град Катвајк, потоа за некогашниот “Парк на лалето” во месноста “Инекс-Горица”, како и за сегашниот Hоландски парк на езерскиот кеј на Охрид.
Локалната власт на Охрид, на езерскиот брег, му подигна Спомен обележје, додека писателот, познат туристички работник и полиглот, рано починатиот, Мишел Јузмески, отворти Музеј на А.ден Доолаард, со најголемата колекција во светот и воедно целосна библиографија на сите книги од писателот.
Сега ги води туристичкиот раблотник, Крсте Пурцов кој напоменува дека соработката започната пред неколку децении продолжува и ден денес и со тоа се зацврстува алката на ова прекрасно пријателство. (Крај)
Веле Митаноски