Солиден резултат за гимназијалката Јана Каралиевска на државниот натпревар по македонски јазик

Солиден резултат на гимназијалката Јана Каралиевска, единствената охридска средношколка на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература
Ученичката Јана Каралиевска (III-1) од ОСУ ,,Свети Климент Охридски” со благодарница за постигнатиот солиден резултат под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој се одржа на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје.
Гимназијалката Јана успеа да биде во 12 најдобри средношколци од цела Македонија освојувајќи 65 поени од вкупно 100 во многу силна конкуренција, како единствен преставник од средните училишта од Охрид со обезбедено учество и натпреварувајќи се во знаење што претставува навистина голем успех со кој се гордееме како Гимназија.
Специфично за овој Државен натпревар беше тоа што учениците се натпреваруваа на наставен материјал од нивната претходна учебна година што му дава посебна тежина на обезбеденото учество и постигнатите резултати.
Продолжуваме континуирано во просветителска мисија со знаење за зачувување на македонскиот јазик, вели професорот Перчо Божиноски.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани