Социјално – хуманитарен младински проект “Стопли нечиј дом и срце”

Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект “Стопли нечиј дом и срце”, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и културолошка иницијатива “5 до 12” организираат поетско читање под познатото мото “Имам нешто да ти кажам” .

Целта на активноста е повторно да го рашириме уметничкиот дух на младите Охриѓани во ова предновогодишно издание на “Имам нешто да ти кажам” и со заеднички сили да му помогнеме на нашиот сограѓанин Петар на кој му се потребни финансиски средства за лекување.

Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција за што се потребни околу 50 илјади евра.

Настанот ќе се одржи во Shilla – Coffee & bar, на 14.12.2023, четврток, со почеток во 19:30 ч. Влезниците ќе се продаваат по цена од 150 денари.

Ги мотивираме сите заинтересирани млади поети да се пријават со испраќање порака на профилите на Црвен крст Охрид и Културолошка иницијатива “5 до 12”. За крај, ги покануваме нашите сограѓани на овој настан за заедно да покажеме уште еднаш дека Охрид и Охриѓани се хумани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани