Станарите од зградите на улица „АСНОМ“ бараат асфалт

Со огромна загриженост, ви се обраќаме како станари на улица АСНОМ во Охрид. Тоа е улицата позната локално како ПИСТА, или за оние кои не се од Охрид, улицата што е наспроти Охридати, во населбата Беј Бунар. Во прилог испраќаме фотографии што ја прикажуваат драматичната состојба на нашата улица и го отсликуваат нашето секојдневие во Охрид, Град на УНЕСКО, најпозната туристичка дестинација во Македонија и Ерусалим на Балканот!

Улицата е неасфалтирана, со големи дупки и без јавно осветлување. Ова предизвикува сериозни безбедносни проблеми и прави да се чувствуваме како граѓани од втор ред во нашиот град!

Со ова обраќање, ја бараме вашата поддршка за објавуввањето на оваа проблематично состојба. Фотографиите што ги испраќаме ги илустрираат основните предизвици на кои ние сме изложени во 21 век.

Ве молиме да ги објавите заедно со текстот во прилог навашиот ценет медиум како помош за нашиот апел до Општина Охрид и надлежните институции да постапат, со цел обезбедување на цивилизирани услови за живот на станарите од зградите на АСНОМ бр. 65, 91, 93, 97, 107 и 109, пишуваат отворено станарите од Зградите на АСНОМ бр. 65, 91, 93, 97, 107 и 109 во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани