Со авион на полската авиокомпанија „ЛОТ“, кој вчера попладне од Катовице слета на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид стартува сезоната на чартери со кои полските туристи ќе престојуваат покрај Охридското Езеро.
Полска е дестинација од која оваа сезона се очекува зголемен број на туристи кои ќе летуваат на охридско-струшката ривиера. Во текот на летната сезона на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ се очекуваат по два лета неделно од Полска, со двете авиолинии, Катовице-Охрид и Варшава-Охрид со што се очекува и зголемување на полските туристите и остварени ноќевањата во земјава. Во 2022 година имаше зголемување од 17% на туристи и 18% ноќевања кои ги реализирале туристите Полска. Забележан е и раст од 28% на полски туристи во првиот квартал од годинава споредбено со истиот период од 2022 година, информираат од Агенцијата за промоција на туризмот.