Стружанец нападнал полициски службеници додека вршеле службено дејство.
На 08.06.2023 во 22.10 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода В.Г.(20) од Струга затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.