Студио за убавина „Касталија“ – 20 години успешна приказна

Во прекрасен амбиент, со драгите клиенти, поддржувачи и  пријатели синоќа Студиото за убавина  „Касталија“  од Охрид го прослави 20- от роденден.

Почнаа скормно, но со голема желба, лубов и многу ентузијазам за денес да бидат  бренд во сферата на козметиката во градот.  Зад брендот стојат три моќни  дами, тим од жени  охриѓанки:  Дијана Матеска, Анита Донеска и Николина Јосифоска Чашитовскакои, кои  веќе две децении успешно чекорат  во професијата секогаш во тренд со современите и врвни козметички  услуги.

Креативни, иновативни и вредни, убави и негувани,  но и трите блескаат со љубов и насмевка.

Велат, секоја жена е совршена и  убава. Само  треба да си посвети повеќе  време, да си дозволи третман, да се опушти и релаксира.

На прашањето која е тајната на успехот велат нема тајни има  само љубов и посветеност.

Преку посветеност, високи стандарди, напорна работа и непоколеблива посветеност на квалитетот и задоволството на нашите клиенти продолжуваме да создаваме бренд кој, како и до сега, ќе асоцира на позитивно и пријатно искуство во светот на убавината, велат сопственичките на „Касталија“.

Врвни и докажани  козметичарки со  дваесет години искуство во козметологијата, нескромно може да се каже дека денес се синомим за убавина, нега и релаксација.

Понудата им е богата, релакс арома терапија, масажа со путер од мед и млеко, тактилна масажа, парцијална масажа, анти-целулитна масажа, масажа со топло чоколадо, масажа на стапала и масажа на лице. маникир, педикир, надградба на нокти, топла и ладна депилација, третмани на лице, наградба на трепки, како и солариум.

 

Со безброј комплименти и пофалби задоволните клиенти пишуваат:

  • Прекрасен амбиент, врвна услуга. Место каде секогаш ќе бидете топло пречекани и задоволни ќе си отидете. Мојата убавина е во Ваши раце. Најдобри, вели Милица.
  • Да ви се множат годините и многу успешни јубилеји и поголеми пријателства Ви посакувам. Фала ви за вашата професионалност и за тоа што стареам подмладено. Би сакала да бидам ваш клинет барем до 70 години, вели Јасмина.
  • Од далечната 2006 година сум верен клиент и дел од овој успех. Нема да се навраќам многу, но, само ќе ве потсетам дека од еден најлош клинет кој никој не би го посакал станав дел од „Касталија“, верен клиент и добра пријателка. Се радувам на секој Ваш успех. Со полна доверба за квалитет кој никогаш не се промени, уредност и со најубавата насмевка подарена од трите дами, останав и сум дел од „Касталија“, вели Ристана.
  • Другарки, докторки ама професионалки. Зарем тоа не е се што еден човек може да си посака. Благодарам што ве пронајдов и ве имам во моето секојдневие. Ви посакувам уште повеќе успеси, вели Дијана.
  • Студио кое нуди професионални услуги и во кое секогаш се чувствувам добредојдена, среќна и задоволна од мојот изглед. Салон кој топло Ви го препорачувам, вели Билјана.

 

Студиото за убавина „Касталија“ е лоцирано на улица „Даме Груев“ бр. 13 (во близина на старото кино).

За да изгледате беспрекорно убави и задоволни, закажете си термин на телефонските броеви 075/467-602 и 046/258-887

ФОТОГАЛЕРИЈА:

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани